41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки" [1]
Се оддржа најпрестижниот фестивал на Балканот 41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки" под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски со поддршка на Иститут Јунус Емре-Скопје во пациото на НУ Завод и Музеј Битола, во Средното воено училиште каде што Мустафа Кемал Ататурк го заврши своето образование.
Во својот говор, претседателот Пендаровски истакна дека и покрај епидемијата „Ковид-19“ што го зафати целиот свет, традиционалниот фестивал се одвиваше без прекини, благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност.
Со оствареното партнерство со фестивалот „Браќа Манаки“, кој е со долга и богата традиција ние како Институт Јунус Емре - Скопје, ја изразуваме нашата определба да бидеме поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество. За нас е вистинска чест да бидеме партнери на можеби најпрепознатливиот и најреномираниот културен настан во земјата. Со својот интернационален карактер, фестивалот „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната и меѓународната јавност.
Поради епидемијата „Ковид-19“.Фестивалот се оддржа во согласност на протоколот за организација на јавни настани препишани од страна на владата на Северна Македонија.