Курсеви по турски јазик за припадниците на Армијата на Р.М.

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје кој од свето оснивање во 2010-та година со огромен интензитет реализира активности од областа на образование на турски јазик и културно-уметнички активности, непрекинато организира курсеви по турски јазик за голем број на државни институции во Македонија на чело со Министерство за одбрана на Р.М.

На 14 октомври – петок, во просториите на Институтот Јунус Емре Скопје, во присуство на Министерот за одбрана на Р.М. Г-дин Зоран ЈОЛЕВСКИ, Заменик Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија Г-дин Мухамед Рацај ве в.д. Военото Аташе при Амбасадата на Република Турција во Скопје Потполковник Хасан ФИЛИЗ, свечено им беа врачени сертификатите за успешно завршениот курс по турски јазик на воедниот персонал на Министерството за одбрана на Р.М.  

На свеченоста им беа врачени сертификатите на осуммината припадници на воените сили кои успешно ги завршија кусевите по турски јазик од страна на Институтот Јунус Емре Скопје во 2015-2016 година.

Институтот Јунус Емре и во иднина ќе продолжи со непрекинат ангажман во областа на образованието по турски јазик во братската и пријателска земја Македонија.