Во Македонија се реализираше проектот „Лекции во фази“

Yazıcı-dostu sürüm

Се реализираше Проектот Лекции во фази со вовед од „Дилемите на Модернизмот и Потрага по Нова Цивилизација“ под раководство на Проф. Др. Метин Изети.

Со цел да се создаде научна и академска атмосфера во Скопје, главниот град на Р. Македонија преку учество на студентите од додипломски студии, постдипломски студии и докторски студии на Нашиот проект насловен „Лекции во фази“ во период од 15 Февруари до 24 Март 2017 година се реализираше предавање под раководство на Проф. Др. Метин Изети од Државниот Универзитет во Тетово со вовед од „Дилемите на Модернизмот и Потрага по Нова Цивилизација“.
Проектот Лекции во фази се реализираше во Институтот Јунус Емре- Турски Културен Центар Скопје со учество  на студентите од додипломски студии, постдипломски студии и докторски студии во времетраење од 6 ( шест) недели.

Учениците во светлината на делото на Портпаролот на Претседателот на Република Турција, Амбасадор, Почитуван Г-дин Ибрахим Калин насловено како „Ум и доблест“ имаа можност покрај турски јазик предавањата да ги следат и на македонски и албански јазик со што се здобија со знаења како придонес кон нивното универзитетско образование, воедно дискутираа изнесувајќи различни идеи и мислења.

Како Институт, за време на целокупниот изминат шест неделен период на траење на предавањата изразуваме благодарност до Проф. Др. Метин Изети и сите ученици за неизмерната подршка и придонес за успешно реализирање на Проектот.

Институтот Јунус Емре- Турски Културен Центар Скопје во наредниот период ќе продолжи со реализирање на активностите од Академската област.