Во Основно Училиште Петар Здравковски (ПЕНКО) реализиравме настан „Час по турски приказни“
Проектот „Час по турски приказни“ кој што го започнавме 2016 година со реченицата ...Си било еднаш, многу одамна..., продолжува и оваа година. Институтот Јунус Емре-Турски Културен Центар Скопје во рамките на проектот „Час по турски приказни“ кој е наменет за децата кои ја следат програмата по турски јазик во Р.Македонија и оваа 2017 година својот прв час го одржа заедно со учениците од Основното Училиште Петар Здравковски (ПЕНКО).
Настанот е посветен за малите слушатели кои поминаа еден незаборавен ден со приказните на Педагог Асли Гедизли. Приказните кои учениците претходно ги слушнале за Насрадин Оџа, Деде Коркут и Келоглан имаа можност да ги споделат пред своите другари.
На малите читатели по завршувањето на настанот им беа доделени подароци, книги со приказни во издание на Институтот Јунус Емре-Турски Културен Центар Скопје.
За големата поддршка и придонесот во реализирањето на овој настан изразуваме голема благодарност до Директорот на Основното Училиште, Почитуван Г-дин Енис Мехмет и драгите наставници, воедно голема благодарност упатуваме до Почитуваната Педагог Асли Гедизли и до малите ученици за заедничкото изминато време исполнето со забава.