8-то издание на Меѓународниот фестивал на книжевност „Про-за Балкан“

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје со писателот и уредник Назли Бериван Ак учествуваше на 8-то издание на Меѓународниот фестивал на книжевност „Про-за Балкан“, настан кој со нетрпение беше очекуван од љубителите на книгата и на кој угости десетици еминентни автори.

Инаугурацијата на фестифалот реализиран со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје се одржа вечерта на 14 септември 2020, понеделник, во историскиот Куршумли Ан. Фестивалот отворен во модераторство на познатите академици од Македонија Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски, беше домаќин на еминентни писатели од Сараево, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија.

Затворањето на настанот ќе се одржи утре вечер со наградата Прозарт на познатото име на албанската книжевност Исмаил Кадаре, при што на настанот сите писатели ќе споделат делови од своите дела. На настанот учествуваа Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јакимовиќ, Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Серхат Кула, Директорот на фестивалот „Про-за Балкан“ Дејан Трајковски, како и претставници на институции, писатели, поети и љубители на книжевноста.