„Речник со илустрации на турски народни поговорки“

Yazıcı-dostu sürüm

Во организација на Инстотутот Јунус Емре Скопје беше организирана промоција на книгата подготвена од страна на Фејхан Рушид со наслов „Речник со илустрации на турски народни поговорки“.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Серхат Кула при своето поздравно обраќање на настанот истакна дека сме среќни што ја имаме приликата да се соединиме на настанот со протагонистите на турскиот јазик. Кула го истакна следново: „Денес е посебно значаен бидејќи госпоѓица Фејхан одбележува десет годишнина од нејзината кариера во нашиот Институт. Институтите Јунус Емре низ целиот свет дејствуваат со 58 претставништва и Фејхан Рушид е меѓу најискусните кадри кои работат во нашите претставништва. Изразувам благодарност до нејзе и горди сме на овој миг на заеднички успех“.

Во понатамошниот дел на настанот следеше панелот во модераторство на Директорот за настава по турски јазик при Институтот Јунус Емре Проф. Др. Јавуз Карталлиоглу на кој имаа излагања главниот уредник на Јени Балкан Муртеза Сулооџа и Координаторот за настава при Институтот Јунус Емре Фуркан Курт. 

Карталлиоглу осврнувајќи се на потешкотијата и во Турција во областа на народните поговорки по турски, истакна дека тоа е потешкотија со која се соочуваат и странците кои учат турски. Карталлиоглу изјавувајќи дека Фејхан Рушид опфаќа 265 поговорки во своето дело, го истакна следново: „Овие се илустрирани со близу 50 илустрации во книгата. И еден издавач ја имал таа храброст да го објави истото, им благодарам, ова дело е навистина значајно.“

Карталлиоглу посакувајќи понатамошен успех, рече: „И честитам на професорката по повод ова дело, воедно изразувам благодарност и поради фактот што ова ќе служи за пример и за останатите земји.“

“Книгата ќе стигне до сите наши деца”

Главниот уредник на Јени Балкан Муртеза Сулооџа велејќи дека проектот е започнат под моттото „Пренесување на наследството од минатото кон идните генерации“, рече дека ова дело претставува мошне значаен пример во споменатата насока.

Сулооџа го истакна следново: „Ова дело на Фејхан Рушид е озобено значајно за децата од основно образование. Делото е збогатено и со илустрации, благодарение на илустрациите на Џошкун Али и на придонесот на професорите Фуркан и Селчук се отелотвори едно еминентно дело. Книгата во следните денови како дел од сет книги ќе биде испратена до сите државни училишта во Македонија.“

Координаторот за настава при Институтот Јунус Емре Скопје Фуркан Курт пак го кажа следново: “Ова дело е значајно за пренесувањето на вредностите на турскиот јазик до следните генерации. Бидејќи ние ги користиме поговорките за поефективно учење на турскиот за учениците. Ова дело на професорката Фејхан е многу ценето за нас. Сметам дека ова дело ќе биде инспирација и за останатите Балкански земји и пошироко.“

Се надевам дека оваа книга ќе биде корисен ресурс за нашите деца.

На крај авторот Фејхан Рушид во своето обраќање го истакна следново: „Целта на книгата е да ги поттикне младите да го сочуваат нивните културни вредности. Во книгата се опфатени 265 поговорки со детални објаснувања и истите со цел да бидат поинтересни се збогатени со илустрации. Се надевам дека овие поговорки кои опфаќаат низа области ќе им бидат од корист на нашите наставници.“

 Настанот заврши со потшишување на книгите од страна на авторот Фејхан Рушид.