41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки"

Yazıcı-dostu sürüm

Се оддржа најпрестижниот фестивал на Балканот 41.Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки" под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски со поддршка на Иститут Јунус Емре-Скопје во пациото на НУ Завод и Музеј Битола, во Средното воено училиште каде што Мустафа Кемал Ататурк го заврши своето образование.

Во својот говор, претседателот Пендаровски истакна дека и покрај епидемијата „Ковид-19“ што го зафати целиот свет, традиционалниот фестивал се одвиваше без прекини, благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност.

Со оствареното партнерство со фестивалот „Браќа Манаки“, кој е со долга и богата традиција ние како Институт Јунус Емре - Скопје, ја изразуваме нашата определба да бидеме поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество. За нас е вистинска чест да бидеме партнери на можеби најпрепознатливиот и најреномираниот културен настан во земјата. Со својот интернационален карактер, фестивалот „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната и меѓународната јавност.

Поради епидемијата „Ковид-19“.Фестивалот се оддржа во согласност на протоколот за организација на јавни настани препишани од страна на владата на Северна Македонија. 

Diğer Etkinlikler

 

Започна неделата на турски филмови со прикажување на филмот „Мед и Кајмак“ (Bal Kaymak).

На свеченото...

Во организација на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, на 41. то „Скопско лето" прикажан е турскиот филм „Девојката со...