Влезете на испит

Влезете на испит

Yazıcı-dostu sürüm

1. Што е ТЈС – Испит за утврдување на ниво на познавање на турски?

Е меѓународно спроведен испит развиен од страна на Институтот Јунус Емре со цел на утврдување на нивото на познавање на турскиот за лица кои го учеле турскиот како странски или мајчин јазик и кој целосно го мери основните јазични познавања.

2. Кој може да учествува на ТЈС – Испит за утврдување на ниво на познавање на турски?

Лицата кои го учат турскиот како странски јазик, студентите кои треба да ги сертифицираат нивото на знаење на турски со цел за аплицирање во универзитети во Турција и прифаќање на аплицирањата, преведувачите кои сакаат да го сертифицираат знаењето по турски, односно сите кои сакаат да си го измерат знаењето по турски јазик може да учествуваат на ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски.

3. Зошто треба да учествувам на ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

ТЈС - Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски е испит кој ги мери и ги верифицира јазичните познавања по турски. Со достигнат успех на ТЈС - Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски може да бидете ослободени од учење на подготвителна настава при универзитетите во Турција; при многу деловни интервјуа може да си го докажете знаењето по турски без да влезете на испит и ќе бидете во предност во насока на целите за академска кариера.

4. Како можам да учествувам на ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

Може да аплицирате онлајн на следниов линк: sinav.yee.org.tr.

5. Од кои сегменти се состои ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

ТЈС - Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски кој е подготвен според меѓународни стандарди се состои од сегментите „Читање, Слушање, Пишување и Зборување (независно зборување, зборување со друго лице). На успешните учесници на испитот на кој се мерат способностите за читање, слушање, пишување и зборување им се доделува Сертификат за познавање на турски.

6. Како се спроведува ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

Испитот се одржува во три посебни седници: На првата седница се учесникот се тестира по читање и слушање; на втората седница се тестира по пишување; додека на третата седница се тестира по независно зборување и зборување со друго лице.

7. Колку трае ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

Времетраењето на ТЈС - Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски е 180 минути, од кои 60 минути трае седментот на читање, 45 минути сегментот на слушање, 60 минути сегментот на пишување, 5 минути сегментот на независно зборување и 10 минути сегментот на зборување со друго лице.

8. Колку пати годишно се организира ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

ТЈС - Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски се организира три пати годишно, додека датумите на испитите се определуваат од страна на Институтот Јунус Емре и се објавуваат на веб страницата tys.yee.org.tr

9. Како можам да добијам еден примерок од ТЈС – Испитот за утврдување на ниво на познавање на турски?

Од веб страницата tys.yee.org.tr може да обезбедите примерок од испитот.