Култура и  Дипломатија

Култура и  Дипломатија

Yazıcı-dostu sürüm

ПРЕДГОВОР

Од 2009 година, Институтот Јунус Емре отвори турски културни центри во поголемите градови во светот со цел да спроведува културна, јазична и научна дипломатија. Културниот престиж на Турција стекнат низ вековите, несомнено ги насочува активностите на Институтот Јунус Емре.

Почнувајќи од денес,– во повеќето држави и градови со еден или повеќе турски културни центри -  нашите претставиштва активно работат во Америка, Германија, Австрија, Албанија , Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Алжир, Грузија, Франција, Мароко, Холандија, Велика Британија, Иран, Италија, Јапонија, Црна Гора, Казахстан, Катар, ТРСК, Косово, Либан, Унгарија, Египет, Македонија, Малезија, Молдавија, Пакистан, Полска, Романија, Русија, Србија, Сенегал, Сомалија, Судан, Јордан и Украина. Така што, вкупно педесет и четири (54) Турски Културни Центри на Институтот ЈунусЕмре користејќи ги алатките за научна и културна дипломатија се стремат кон создавање на позитивна перцепција на Турција во странство.

Институтот Јунус Емре кој сноси голема одговорност во насока на развојот на познавањето, кредибилитетот и угледот на Турција на меѓународно ниво, продолжува со своите активности со цел на згломенување на бројот на лица пријатели на нашата земја и лица кои се во интеракција со Турција. Една од нашите примарни должности е интеракцијата со еминентните личности од областа на науката, уметноста, културата и образованието од земјите во кои дејствуваат нашите културни центри и обзнанувањето на модерните услови и можности кои ги нуди Турција на споменатите кругови.

Свесни сме дека интеропштествената интеракција и одржувањето на отворени канали за дијалог, како и интеракцијата помеѓу интелектуални кругови и формирањето на заеднички работни групи е возможно исклучиво преку научно-културни дејности.

Пренесувањето на можностите кои ги нуди Турција од областа на науката и културата до еминентните научни и културни личности, несомнено претставува огромно движење од аспект на дипломатија. Свесни сме дека ова не е од значење само за Турција, туку и за земјите со кои сме во интеракција.

Денеска Турција е претставена со вкупно 228 странски претставништва низ светот, од кои 134 се амбасади, 81 генерални конзулати, 12 постојани мисии и 1 трговско претставништво. Секако дека овие дејности по првиот амбасадор на Турција во Лондон, Јусуф Аѓах Ефенди. Проактивната политика која ја следи нашата земја, се имплементира благодарение на нашите ценети амбасадори. Оваа книга ги содржува мемоарите и впечатоците на нашите амбасадори кои биле на должност во земји во кои постојат претставништва на Институтот Јунус Емре.

Од увиденото на мемоарите на нашите амбасадори кои биле на должност во земји во кои постојат претставништва на Институтот Јунус Емре, може да се добијат одговори за прашањата „што беше доживеано во процесот орварање на претставништвата, кои потешкотии беа надминати и какви дејности беа реализирани, како беше вчера а како е во денешницата?“.

Изразувам особена благодарност до сите наши амбасадори кои уште од првиот ден на оснивањето на Институтот Јунус Емре до денешницата ни дадоа безрезервна поддршка, воедно и на ценетиот државен секретар Умит Јардим и на Аднан Кечеџи, Ахмет Јилдиз, Инан Озјилдиз, Каан Есенер, Мехмет Кемал Бозај, Огуз Демиралп, Омур Шолендил, Сонѓул Озан, Супхан Еркула и персоналот на министерството за надворешни работи кои дадоа придонес во изготвувањето на оваа книда.

Проф.Др. Шереф АТЕШ

Претседател

 

Култура и  Дипломатија

Изданија на Институт за културна дипломатија на Институтот ЈунусЕмре

 

Уредници: Проф. Др. Шереф АТЕШ, Мелих БАРУТ

Генерален Координатор: ШенолСелчук ТУРАН

Редакција: ФатманурСамасти, ХумејраГормезТемрен, Халил Ибрахим Елсикма

ISBN: 978-605-2097-06-9