„Евлија Челеби – Водата на бесмртноста“ се сретна со децата во Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

Во рамките на проектот на Институтот Јунус Емре - „Рефлекциите од белото платно“, овој пат анимираниот филм „Евлија Челеби – Водата на бесмртноста“ се прикажа пред децата од Скопје. На настанот учествуваа вкупно 545 ученици од основните училишта од Скопје и околината, односно основните училишта „Тефејуз“, „Јашар Бег“, „Петар Здравковски – ПЕНКО“, „Мустафа Кемал Ататурк“ – Количани, „Алија Авдовиќ“ и „Драга Стојановска“ – Дриљово. Им се заблагодаруваме на драгите деца и ценетите директори и класни раководители на училиштата за нивното учество на настанот.