„Часот по турски приказни“ овој пат беше во Тетово

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје, во рамки на активноста наменета за децата од турска национална припадност во Македонија „Час по турски приказни“ овој пат го посети основното училиште „Алија Авдовиќ“ во Село Цветово. На програмата организирана во презентација на актерот од Турскиот Народен Театар Скопје Џенап Самет, децата ја имаа приликата да ги слушаат забавните авантури на разните ликови на турските приказни на чело со Ќелоглан. Настанот беше уште по збогатен со раскажувањето на приказните од самите деца учесници.  По настанот, на драгите деца им беа поделени сетови на книги и сликовници со наслов „Што јадат буквите“ издадени од страна на издавачката куќа „Јени Балкан“.