„Часот по турски приказни овој пат беше во Валандово“

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје, четвртиот по ред настан со наслов „Час по турски приказни“ посветен на децата од турската заедница во Македонија го одржа во Валандово. Настанот со презентација на турскиот актер Осман Али им приреди незаборавни мигови на децата од селата Чаликли, Дедели, Бахчебозу, Дрвобозу, Ѓокчели, Куртхамзали, Кизилдога, Мемишли и Калкова. По завршувањето на настанот, на младите читатели им беа подарени сетови од книги и сликовници од издавачката куќа „Јени Балкан“ со наслов „Што јадат буквите?“ и воедно им беше приреден и скромен коктел. Му благодруваме на наставникот Октај Тахир за неговиот удел во организирањето на настанот и на директорот на „Дом на култура – Валандово“ Јован Коцевски за неговата помош при обезбедување на просториите на домот на културата.