Филмот “Mavi Bisiklet” во Скопје

Yazıcı-dostu sürüm

По 46. Издание на Меѓународниот фестивал на филмови за деца и млади #Giffoni кој во периодот помеѓу 21-26 октомври 2016 беше реализиран во Италија, истиот по 4. пат се одржува и во Скопје. Филмот “Mavi Bisiklet” (Плавиот велосипед) со кој и се отвори фестивалот во Италија и кој беше номиниран за кандидат во три бранши при Филмскиот фестивал Златен Портокал – Анталија, овој пат со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје се прикажа во Скопје во присуство на младата публика. Децата уживаа во прекрасните моменти заедно со сценаристката и актерката на филмот “Mavi Bisiklet” (Плавиот велосипед) Нурсен Четин Корекен. По прикажувањето на филмот, децата од разни земји на светот кои присуствуваа на настанот ја имаа приликата да и постават прашања на Нурсен Четин Корекен. Настанот заврши со свеченото доделување на наградата за филмот “Mavi Bisiklet” (Плавиот велосипед).