Концерт на Карсу Донмез во Македонија

Yazıcı-dostu sürüm

„Незаборавна ноќ на 17. Есенски музички свечености“

Светско позната турска музичарка Карсу Донмез со извонредниот настап во рамки на „17. Есенски музички свечености“ поддржани од страна на Институтот Јунус Емре Скопје, им приреди незаборавна ноќ на љубителите на музиката од Македонија.

Карсу Донмез која дојде во Македонија со нејзиниот оркестар составен од 5 члена, својот прв концерт во нашата земја го одржа во Скопје на 4 ноември – петок. Успешната музичарка со својот настап кој претставуваше микс на анадолската музика и западната музика беше следен со огромен аплауз од страна на скопската публика.

На концертот оставија посебен белег класиките на светската музика, како и песните на покојните турски имиња Бариш МАНЧО и Ќазим КОЈУНЏУ.