„Панел дискусија на тема Влијанието на детските списанија во општеството“

Yazıcı-dostu sürüm

На 18 ноември 2016 во организација на Институтот Јунус Емре Скопје и Здружението за култура, уметност и образование Копру се одржа панел дискусијата со тема „Влијанието на детските списанија во општеството“. Настанот кој се одржа по повод 50. Издание на детското списание „Карделен“ кое се издава од 2009 – та година беше збогатен со презентациите на уредникот на детското списание од Турција „Бирдирбир“ Фатиме Хатиџе ДУРМУШ, членот на издавачкиот совет на „Карделен“ Сезен СЕЈФУЛА и главниот уредник на „Карделен“ Мухсин КУРТИШ.