Припадници на Армијата на Р. Северна Македонија Учат Турски Јазик

Yazıcı-dostu sürüm

На 26 јуни 2019, среда, со учество на Амбасадорот на Р.Т. во Скопје Тулин Еркал КАРА, Заменик началникот на Генералштабот на Северна Македонија генерал мајор Азим Нурадин, и припадници на институциите на јавна безбедност од Турција и Северна Македонија им се врачија сертификатите на 12-те припадници на воените сили кои следеа настава по турски јазик при Министерство за одбрана на Република Северна Македонија организирана од страна на Институтот Јунус Емре. Институтот покрај тоа што со полн интензитет ги продолжува активностите и културно – уметничките дејности, одржува и курсеви по турски јазик од разни нивоа при низа институции и установи од земјата како што се Претседателство на Република Северна Македонија, Министерство за одбрана, Министерство за култура, Министерствата за внатрешни и надворешни работи, Министерство за информатичко општество, ТАВ Македонија, Халкбанк А.Д. Скопје и Меѓународниот Балкански Универзитет, исто така ја поддржуваше и наставата по турски јазик на додипломско и пост дипломско ниво во универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Гоце Делчев“ – Штип.

При курсевите по турски јазик при Министество за одбрана на Р.С.М. кои започнаа во 2014 година со иницијатива на Военото Аташе при Амбасада на Република Турција во Скопје, во изминативе 5 години над 150 припадници на воените сили ја имаа можноста да го научат турскиот јазик.