Се реализираше промоцијата на книгата „Една Скопска приказна“

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре Скопје на 25 февруари 2020 ја организираше промоцијата на книгата со поезии „Една Скопска приказна“ на писателката и поетеса претсетавник на турската литература во Северна Македонија, Лејла Шериф Емин.

На настанот, освен Амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, учествуваа и поети и љубители на литературата од Северна Македонија и Косово.

Писателката и поетесата Лејла Шериф Емин, која со својот карактеристичен стил стана позната кај љубителите на пишаниот збор и која со есеи „Ускубистан“ си завзема значајно место во вреднувањето на читателите, на настанот им се обрати на присутните со нејзините поезии од книгата „Една Скопска приказна“. Поетесата, тргнувајќи од историските и културните карактеристики на Скопје, градот го карактеризира на Град на приказни. Делото „Една Скопска приказна“ се состои од дваесетина поезии на авторката пишани од нејзините дваесетти години до денес. Настанот заврши со рецитирање на поезиите и потпишување на книгата од страна на поетесата.

Која е Лејла Шериф Емин? Лејла Шериф Емин од 2005 година е главен и одговорен уредник на единственото списание за култура, уметност и литература „Ќопру“, кое е единствено од овој вид издадено на турски јазик во границите на Северна Македонија. Таа е автор на книгата со есеи „Ускубистан“ издадена во 2016 година од исдавачката куќа Диван. Воедно е колумнист на Скопските писма во неделното списание „Вистински живот“ кое се издава во Турција.