„Средби на писатели и читатели“

Yazıcı-dostu sürüm

„Средби на писатели и читатели“ Институтот Јунус Емре Скопје, со проектот „Средби на писатели и читатели“ ги среќава турските писатели од Македонија со нивните читатели во Македонија. Во рамки на проектот, преку активноста реализирана во соработка со гимназијата Јосип Броз Тито – Скопје младата писателка од Штип Рабиа РУШИД се сретна со младите љубителите на литературата. РУШИД, при својот говор на настанот на кој беше пречекана од голем број на млади љубители на литературата направи презентација за поезијата и поетството при што даде и значајни примери од звучните имиња на турската литература како Џемил Мерич, Исмет Озел и Неџип Фазил. Рецитирањето на своите поезии на Рабиа РУШИД беше следено со големо бендисување од страна наприсутните. Особено рецитирањето на поезијата напишана за нејзината мајка причина многу емотивни моменти. Во рамки на настанот, младата писателка Рабиа РУШИД на младите читатели им ја потпиша својата книга со наслов „Хума Кушу“ издадена од издавачката куќа „Јени Балкан“. Во име на Институтот Јунус Емре Скопје им се заблагодаруваме на ценетата наставничката при гимназијата Јосип Броз Тито – Скопје Селда ИДРИЗ и на почитуваната директорка на споменатата гимназија Татјана ДУЕВА.