Свеченост за доделување на сертификати по османско-турски јазик

Yazıcı-dostu sürüm

Во согласност со препораките за спречување на пандемијата се одржа церемонијата на врачување на сертификати за првата фаза на курсот по отоманско турски организиран со онлајн метода од далечина во соработка на Институтот Јунус Емре и Фондација „Хајрат“, наменет за земјите од Балканскиот регион.

Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Серхат Кула при своето обраќање на церемонијата на врачување на сертификати го истакна следново: „Ја организиравме оваа церемонија на врачување на сертификати. Отоманско турскиот јазик е значаен од аспект на лицата кои овде вршат истражувања од оваа област, но воедно е значаен на познавања на белезите на нашата цивилизација и автохтона култура во овие краишта, било тоа да е во архитектурата, на надгробните плочи или при симплификација на вредни дела во библиотеки, во запознавање на самите себе и зачувување на нашата култура. Затоа ќе продолжиме со овие курсеви.“

„Во периодот на пандемија курсевите по отоманско турски кои ги реализираме од поодамна ја сменија својата форма и метода и во рамки на начелата на размислување и коментирање одново кои ги истакна ценетиот претседател на Институтот Шереф Атеш, почнаа да се реализираат онлајн. Добивме над 2000 аплицирања од повеќе од 45 земји од светот. Успешно ја завршивме првата фаза и сега ќе преминеме на втора фаза.“ рече Директорот на Институтот Јунус Емре Косово, кој воедно наведе дека на над 1000 курсисти од цел свет ќе им бидат врачени сертификати за учество или постигнат успех. Директорот на Институтот Јунус Емре Косово Мурат Улкер воедно го истакна и следново: „Го сметаме за мошне успешен и значаен настан. Ни претставува особена среќа фактот што јазикот на нашата цивилизација се изучува низ цел свет.“

 

Претставникот на Фондација „Хајрат“ Емре Араџи при своето пригодно обраќања го истакна следново: „За време на пандемија се сменија сите навики, имаме нова нормалност, така да и ние преку платформата за онлајн настава развиена од автохтоните капацитети на младиот тим за истражувања и развој при Хајрат ги реализиравме овие курсеви. Курсевите беа организирани во четири различни нивоа од страна на нашите професори кои доброволно се вклучија во овој процес. Со учество на над 1500 курсисти низ цел свет и над 400 курсисти од Балканскиот регион успешно ги реализиравме нашите курсеви. Јас ја користам приликата да изразам благодарност до Институтот Јунус Емре Косово кои уште од самиот почеток ја дадоа нивната поддршка, вклучувајќи го и аспектот на управна и административна поддршка, како и до целото семејство на Институтот Јунус Емре.

По кратките пригодни обраќања, настанот заврши со врачување на сертификати за вкупно 35 курсисти од Северна Македонија кои успешно ја завршија првата фаза од курсевите по отоманско турски. Сертификатите ги врачија Директорот за настава на турски јазик и туркологија при Институтот Јунус Емре проф. д-р. Јавуз Карталлиоглу, директорите на претставништвата на Институтот Јунус Емре од Балканските земји и претставниците на Фондација „Хајрат“.

Настанот кој беше организиран почитувајќи ги мерките за претпазливот при пандемија, заврши со честитки за посветеноста и успехот на курсистите за време на курсевите