Во Скопје продолжува традицијата на прослава на „24 ноември – Ден на учители“

Yazıcı-dostu sürüm

Со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје во О.У. „Тефејуз“ се одржа прослава по повод 24 ноември – Ден на учители на која учествуваа актуелните и пензионираните учители од ова училиште.

Директорот на О.У. „Тефејуз“ Осман Емин при својот поздравен говор го истакна следново: „Оваа година одлучивме да организираме една скромна прослава и благодарение на поддршката од страна на Институтот Јунус Емре Скопје им подаривме по една ружа на ценетите учители како еден скромен симбол на нивниот долгогодишен труд“.

Додека претставникот на Институтот Јунус Емре Скопје Мухсин Куртиш во своето излагање рече: „Институтот секогаш беше и ќе биде еден од најголемите поддржувачи на образованието и на учителите. Особено сме среќни што на овој значаен ден да бидеме заедно со ценетите наставници“.
По поздравните говори, на учителите им беа врачени ружи и беше приреден коктел.