Во Скопје промовиран „ТЕХНОФЕСТ 2020“

Yazıcı-dostu sürüm

На промоцијата на ТЕХНОФЕСТ организирана од страна на Технолошкиот тим на Турција (Фондацијата Т3) во соработка со Институтот „Јунус Емре“, поддржана од Проектот за академска и научна соработка на Турција (ТАБИП) присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, министерот за култура на Северна Македонија, Хусни Исмаили, министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, членот на Управниот одбор на Фондацијата Т3, Алпер Ѓузел, Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, Генералниот извршен директор на Халкбанк Северна Македонија Билал Суџубаши, претставници на турски институции и установи, наставници, професори, ученици, студенти и голем број на поканети.
Во својот говор на промоцијата, амбасадорот на Турција, Секизќок, се осврна на зголемувањето на животниот стандард, потребата за креативни и иновативни луѓе и идеи, за иновациите и за човечкиот фактор.

Истакнувајќи дека во Турција се посветува големо внимание на ефикасното користење на човечките ресурси и нивното збогатување, рече: „Во оваа насока, во последните години, Технолошкиот тим на Турција, со слоганот „Национален технолошки зафат“ даде голем придонес во технологиите од областа на воздухопловството, вселената и одбраната. Организацијата ТЕХНОФЕСТ отвора нови хоризонти за младите таленти.“

Членот на Управниот одбор на Фондацијата Т3, Алпер Ѓузел, рече дека ТЕХНОФЕСТ е најголемиот меѓународен фестивал на воздухопловство, вселена и технологија, и дека во овие рамки се одржуваат многу значајни натпревари.

По инаугуративниот говор, се претставија презентациите во врска со проектот ТАБИП – Турски портал за академска и научна соработка. Во последниот дел на настанот членот на Управен одбор на Фондацијата Т3 Алпер Ѓузел истакна дека во рамки на ТЕХНОФЕСТ 2020 ќе се организираат натпреварувања кои опфаќаат 23 области, и тоа биотехнологија, иновации, образовни технологии, дизајнирање на хеликоптер, дизајнирање на џет мотори, земјоделски технологии, технологии на животна средина и енергетски технологии, смарт транспорт и.др.Ѓузел исто така истакна дека во рамки на фестивалот, за екипите кои ќе ги поминат првите елиминации од споменатите области, одвоени се средства за поддршка на проекти од вкупно 4 милиони турски лири.
Алпер Ѓузел наведувајќи дека ТЕХНОФЕСТ 2020 оваа година ќе се организира во градот Газиантеп, додаде дека екипите кои ќе бидат добитници во категории ги очекуваат награди од вкупно над 3 милиони турски лири.

Програмата заврши со делот прашања и одговори.

Членот на Управниот одбор на Фондацијата Т3, Алпер Гузел со придружната делегација беа во посета на Амбасадорот на Република Турција во Скопје, г. Хасан Мехмет Секизкок, како и на Меѓународниот Балкански Универзитет.