„Четири јазични вештини и граматика за учење на турски јазик за странци“ - семинар

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот Јунус Емре продолжува низ разни географски региони да му служи на турскиот јазик и турската култура. Во оваа насока беше организиран семинарот со наслов „Четири јазични вештини и граматика за учење на турски јазик за странци“ наменет за наставници по турски јазик при училишта од Скопје и останатите градови од Северна Македонија, за наставници по турски јазик при училиштата на Фондација Маариф, како и за академскиот кадар при катедрите за турски јазик и книжевност во Северна Македонија.

На семинарите одржани од страна на Директорот за настана по турски и туркологија при Институтот Јунус Емре Проф. Др. Јавуз Карталлиоглу и заменик експертот Хамза Салдуз беше истакнато значењето на основните вештини при предавање на турски јазик. Воедно со учесниците е споделено значењето на вештините на слушање, читање, зборување и пишување. Одговорени се и прашањата во насока на акцентот на при часеви на одредени вештини и од кои вештини треба да се почне при предавања. Предавачите исто така се осврнаа и на редоследот при предавање во согласност со Европското јазично портфољо и кои граматички теми треба да имаат предност при настава. Семинарот заврши со интерактивниот дел на прашања и одговори на учесниците и предавачите.

Семиарот заврши со огромниот интерес на учесниците при што на истите им беа врачени сертификати за учество од страна на Директорот на Институтот Јунус Емре Скопје Серхат Кула и Директорот за настана по турски и туркологија при Институтот Јунус Емре Проф. Др. Јавуз Карталлиоглу. 

 

Diğer Etkinlikler

Институтот “Јунус Емре” – Скопје, кој од 2010.година организира јазични курсеви по турски јазик на околу 5000 студенти...