Во главниот град на Северна Македонија се одржа работилница и семинар за обука на наставници по турски јазик.

Yazıcı-dostu sürüm

Институтот “Јунус Емре” – Скопје, кој од 2010.година организира јазични курсеви по турски јазик на околу 5000 студенти и на овој начин се создава значајно лоби преку протоколите за јазична едукација со најважните државни институции во Северна Македонија, во периодот од 16-18 август 2021 во градовите Скопје, Струга и Струмица беше домаќин на семинари за едукација на наставниците по турски јазик. Семинарите се одржаа со поддршка на Амбасадата на Република Турција во Скопје и во соработка со Министерството за образование на Северна Македонија.

На свеченото затворање на програмата во Скопје присуствуваа заменик -министерот за образование и наука на Северна Македонија Арафат Шабани, директорот на турската настава и туркологија на Институтот Јунус Емре Проф. Д-р Јавуз Карталоглу, претставници на Институцијата, академици од катедрата по турски и наставници кои предаваат на турски јазик.
Заменик министерот за образование и наука на Северна Маке донија г-дин Шабани, во својот говор посочи дека оваа средба е организирана со сите свои образовни, административни, економски, социјални и културни димензии, се со цел да се обезбеди научна перспектива на проблемите на турскиот јазик во земјава. 

Шабани изјави дека ќе се дискутираат проблемите во сите 65 основни и 13 средни училишта со настава на турски јазик во Северна Македонија и додаде: „Се надевам дека оваа работилница ќе биде работилница каде што прво ќе се дискутираат проблемите и ќе се понудат решенија за сергашните и долгорочните проблемите во турското образование ”.

Карталјоглу, исто така, информираше дека приближно 100 наставници присуствувале на семинарите и рече: „Од понеделник, ние пет експерти по турски јазик дојдени од Турција, им одржуваме различни обуки на наставниците кои предаваат турски јазик низ Северна Македонија се со цел да го зголемиме нивниот професионален развој и да го оптимизираме нивните професионални компетенции”.
Директорот на Институтот "Јунус Емре" Серхат Кула, рече дека како институција, за 11 години на повеќе од 5 илјади студенти во Северна Македонија им овозможиле да научат турски јазик. Истакнувајќи дека тие продолжуваат да ги обучуваат наставниците во Северна Македонија, Кула рече: “Во рамките на оваа работилница, ги набљудувавме потребите на турскиот јазик во регионот и всушност направивме една детална анализа. Во текот на овој камп прашањата околу кои разговаравме на различните места планираме да ги евалуираме и да ги заклучиме токму на овој состанок овде”.

Церемонијата на затворање заврши со предавање на „Сертификат за учество“ на учесниците.

Diğer Etkinlikler

Институтот Јунус Емре продолжува низ разни географски региони да му служи на турскиот јазик и турската култура. Во оваа...