21 декември – Ден на настава на турски јазик

Yazıcı-dostu sürüm

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се прослави #21демекври – Ден на турска настава.

Во соработка со МАТУСИТЕБ и со поддршка на Институтот Јунус Емре, ТИКА и ЈТБ се одржа централниот настан по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик.

На настанот учествуваа Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција проф. д-р. Мустафа Шентоп и делегацијата од Турција, Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев, Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија Талат Џафери, Претседателот на Уставен Суд на Република Северна Македонија Салих Мурат, Заменик министерот за култура и туризам на Република Турција Надир Алпарслан, Амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, Градоначалникот на Општина Султанбејли од Истанбул Хајдар Али Јлдз, Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, претставници на турски институции и установи, пратеници, професори, претставници на бизнис заедницата и голем број на поканети.

Во рамки на настанот им беа доделени наградите на авторите чии дела беа опфатени во книгата Приказни – есеи – поезии, произлезена од Онлајн Балканската работилница за писателство, како и на добитниците ученици и студенти од основните и средните училишта и универзитетите кои реализираат настава на турски јазик во Северна Македонија кои учествуваа на натпреварот по цртање, поезија и композиција со наслов „Туркофонскиот свет соединет со турскиот јазик“. 

Настанот заврши со панел дискусијата со наслов „Ретроспективна евалуација на историскиот контекст на турското образование во Северна Македонија: минатото, денешницата и иднината“.
Институт Јунус Емре