5. Меѓународен Конгрес на Општествени Науки

Yazıcı-dostu sürüm

5. Меѓународен Конгрес на Општествени Науки чиј почесен претседател е Претседателот на Големото Национално Собрание на Турција проф. др. Мустафа Шентоп се одржа во периодот 27-30 јуни 2019 во главниот град на Северна Македонија, Скопје. На конгресот на кој учествуваа 402 ученици од вкупно 14 семји, односно Германија, САД, Англија, Русија, Турската Репбулика на Северен Кипар, Киргизистан, Азербајџан, Казакистан, Узбекистан, Косово, Црнагора, Албанија, Северна Македонија и Турција, беа споделени вкупно 466 труда од областите на веронаука, литература, историја, политика, економија, правда, здравство, туризам, географија, информатички технологии, филозофија, уметност, бихевиорални науки и образовни науки. По протоколарните говори од страна на Амбасадорот на Р.Т. во Скопје г-ѓа Тулин Еркал Кара беше доделена плакета за Институтот Јунус Емре Скопје. Преку 5. Меѓународен Конгрес на Општествени Науки беше реализиран еден значаен труд и тоа токму на Балканскиот регион кој завзема значајно место во турската култура и историја и со тоа уште еднаш излезе на виделина влијанието на Скопје и околината кон турската литература, култура и научни достигнувања. Со организирањето на споменатиот конгрес во чии рамки беа опфатени широк обем на научни дејности, се намеруваше да се продлабочи соработката помеѓу универзитетите, претставување на научните достигнувања на Турција и турските академици на меѓународно ниво и допринесување кон науката, уметноста и нашето заедничко културно наследство. Воедно во рамки на Конгресот беше организирана и панел дискусија на која учествуваа градоначалници од Северна Македонија и Турција и на која беше дискутирано за спроведливите проекти во регионот.