„Градовите се среќаваат во Скопје“

Yazıcı-dostu sürüm

Се одржа инаугурацијата на калиграфската изложба „Градовите се среќаваат во Скопје“ Вчера во историскиот монумент Н.У. „Чифте Амам“ – Скопје во организација на Институтот Јунус Емре Скопје и Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ и со поддршка на Халкбанк А.Д. Скопје и Меѓународниот Балкански Универзитет се одржа инаугурацијата на калиграфската изложба со наслов „Градовите се среќаваат во Скопје“. Во рамки на свеченото отварање на изложбата во присуство на голем број на љубители на уметноста беа изложени делата на калиграфот Махмут Енес КЕМЕР кој воедно е и студент во четврта година на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултет за графички дизајн и на ценетите курсисти. Курсот за калиграфија кој под водството на младиот калиграф Махмут Енес КЕМЕР се одржа во периодот помеѓу ноември 2015 – февруари 2016 со поддршка на МАТУСИТЕБ на кој учествуваа курсисти од разни етницитети и преку кој се заживи уметноста на калиграфија на овие простори, беше крунисан со вчерашната изложба која се реализираше со поддршка на Институтот Јунус Емре Скопје. Во рамките на оваа еминентна изложба која има за цел да ја заживува, промовира и да ја сретна вековната уметност на турски – исламската цивилизација со разни краишта на Балканот, беа опфатени разни главни и значајни градови од најисточниот дел на Азија во најзападниот дел на Европа. Изложбата на која се изложуваат делата на курсистите од турска, македонска, албанска и босанска националност до 21 ноември 2016 во историчниот Чифте Амам - Скопје ќе ги пречека љубителите на уметноста.