“Литературната и естетска вредност на Османлиските надгробни споменици“

Yazıcı-dostu sürüm

“Литературната и естетска вредност на Османлиските надгробни споменици“ е насловот на Конференцијата која се одржа на ден 26 Јануари 2017 год, (среда) со излагање на Доц. Др. Мехмет Самсакчи од Факултетот за турски јазик и книжевност при Универзитетот во Истанбул пред љубителите на книжевноста. Конференцијата се однесуваше на текстовите напишани на надгробните споменици како еден посебен вид на литература кои содржат важни информации за начинот на живеење и културата и се од огромно значање за Турско - Исламскиот свет. Повод за конференцијата беше промоцијата на книга на Авторот Доц. Др. Мехмет Самсакчи под наслов “Отворена естетска врата на смртта - Литературната традиција на турските надгробни споменици“ во која е презентирана литературна традиција на надгробните споменици, за која Авторот своевидно потпишуваше и книги.

На Конференцијата воедно и Денот на потпишување на книги присуствуваа Државниот Секратар при Министерството за култура на Р.Македонија, Г- ин Бехиџудин Шехаби, Академиците Проф. Др. Луан Старова, Проф. Др. Газанфер Бајрам и Проф. Нуман Аруч, Преседателот на Управен одбор при Стопанска Комора на Р.Македонија - Р.Турција, Г- ин Туна Ејуп Кахвеџи, Генералниот Директор на Халк Банка АД Скопје, Г-ин Туран Адеми и членот на извршниот одбор при Халк Банка АД Скопје, Г-ѓа Букет Геречџи и голем број на љубители на литературата, културата и уметноста. На своето излагање Доц. Др. Мехмет Самсакчи се осврна на мислите истакнати на надгробните споменици како дел од турската култура, уметност и книжевност, естетиката на смртта, Османлиските надгробни споменици, меѓу кои надгробните споменици на жената, мајката воедно и на нејзиното неродено дете со осврт и на денешните надгробни споменици.

По завршување на конференцијата Авторот Доц. Др. Мехмет Самсакчи на почитуваните гости додели потпишани примероци од првото издание од 2015 година под наслов „Отворена естетска врата на смртта - Литературната традиција на турските надгробни споменици“