Се одржа работилницата со наслов „Проблемите при наставата по турски јазик и предлог решенија“

Yazıcı-dostu sürüm

 

Се одржа работилницата организирана во соработка на Министерство за образование и наука на Република Македонија, Институт Јунус Емре Скопје и ТИКА која имаше за цел со учество на сите засегнати страни (министерството, цивилниот сектор, наставниците и.др.) да нуди нова научна перспектива во врска со проблемите при настава по турски јазик и дискутирање и евалуирање на управната, економската, општествената и културната димензија на наставата. Настанот кој има за цел опширно да ги дискутира поестоечките проблеми и да нуди решенија во оваа насока, кои се  изготвија во форма на „План за дејствување“. На настанот учествуваа управни и наставни кадри од 65 основни и 13 средни училиште од цела Македонија, како и академските кадри на државните и приватните универзитети на Република Македонија.

Во рамки на работилницата одржана на 24-25 декември 2016-та во Скопје беа евалуирани сите хоризонти на наставата на турски јазик. На настанот беа изготвени планови и стратегии за решавање на проблемите со кои се соочува наставата на турски јазик која ќе биде показател за понатамошните дејствиа. Директорот на Наставниот центар при Институтот Јунус Емре од Турција Керим САРИЃУЛ во своето излагање го наведе следното: „Институтот Јунус Емре во 40 разни држави преку 50 културни центри ги развива своите активности. Во рамки на активностите се одржуваат и голем број настани преку кои се има за цел да се даде поддршка на наставата на турски јазик, проблемите од оваа област и иднината на турскиот јазик. Како и во сите земји, и во Македонија наставниците од оваа област имаат разни проблеми, барања и потреби. Заедно со нив ќе ги дискутираме проблемите и предлог решенијата во врска со истите.„

Bо рамки на работилницата која заврши на 25 декември – недела, преку „Планот за дејност“ изготвен од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија ќе се изјаснат идните решенија за актуелните проблеми на оваа област. Една од темите кои беа дискутирани во текот на работилницата беа и следните: да се обезбедат канцеларии на Институтот Јунус Емре во рамки на катедрите по туркологија и ориенталистика во границите на Македонија, во случај на потреба да се отворат курсеви по турски јазик и вон Скопје од страна на Институтот, сите останати курсеви по турски јазик во Македонија да се реализираат под мониторинг на Институтот Јунус Емре Скопје.

Работилницата која беше поддржана и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Агенцијата ТИКА, Фондацијата „Бејаз Харекет“, Фондацијата на Балканот и турскиот свет, Светската федерација на Балкански здруженија заврши со заедничка фотографија на учесниците.